Со цел адресирање на проблемите со кои се соочуваат специјалистички стоматолошките ПЗУ од област на стоматолошка протетика, орална хирургија и ортодонција, претставници од Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори предводена од претседателката д-р Тања Дејаноска денеска реализира две средби, една со министерот за здравство д-р Беким Сали и друга со директорката на Фондот за здравствено осигурување м-р Магдалена Филиповска Грашкоска.

Претставниците на Комората истакнаа дека е потребн креирање на решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат во насока на ревизија на референтните цени на стоматолошки услугите кои не се променети од 2007 година, остварување на право на боледување и правото на годишен одмор. Исто така се стави акцент и на изнаоѓање на итно решение за проблемот со нерегистрираниот увоз на дентални импланти и стоматолошките материјали, за што беше понудено и конкретно решение.