Потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Габриела Кулебанова доби Благодарница за долгогодишна плодна и успешна соработка и значаен придонес во областа на стандардизацијата. Благодарницата ја врачи директорот на Институтот Џават Кицара по повод одбележување на 14 Октомври, Светскиот ден на стандардизацијата.

Сојузот на стопански комори, преку свој претставник, долги години остварува соработка со Институтот за стандардизација со цел да ги приближи и промовира стандардите како начин за раст и развој на бизнисите до малите и средни претпријатија, кои се доминантни членови на Сојузот како и витален дел на економијата. Со примена на стандардите претпријатијата може да постигнат зголемување на број на вработени, зголемување на опсегот на производи и услуги, освојување на нови пазари. Од неодамна Кулабанова е избрана за претседател на Советот на Институтот за стандардизација.