Потпишани два меморандуми за соработка помеѓу ССКМ, ФЕИТ и ИНОФЕИТ

0
249

Денес на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се потпишаа два Меморандуми за соработка.

Првиот меморандум за соработка беше потпишан помеѓу Комората за информациско-комуникациска технологија и услуги (ИКТ) при Сојузот на Стопански комори на Македонија и Факултетот, претставувани од потпретседателот на Сојузот и претседател на ИКТ комората проф.д-р Орце Симов и деканот на Електротехничкиот факултет проф.д-р Владимир Атанасовски.

Истовремено така беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу ИКТ комората со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при ФЕИТ, во својство на Дигитален информациски Хаб (ДИХ) претставувана од проф.д-р Димитар Ташковски.

Со овие два меморандуми се утврдува рамката во која ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес базирани на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии.