ПОВТОРНА ОБЈАВА – ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2025 За набавка на услуги – организација на Регионална Мрежа за Сина Економија во Република Северна Македонија

0
42

За потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН Програмата подржана од Европска Унија и имплементиран од Сојузот на стопански комори, врз основа на Договорот за грант, Сојузот на Стопански Комори на Македонија објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2025

за набавка на услуги – организација на Регионална Мрежа за Сина Економија во Република Северна Македонија (во понатамошен текст RBEN)

Сојузот на Стопански Комори на Македонија – ССКМ за потребите на проектот GROWTH4BLUE во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН Програмата подржана од Европска Унија во кој Сојузот на стопански комори се јавува како Проектен Партнер, а врз основа на Договорот за грантспроведува набавка за избор на Партнер Организација која ќе воспостави, организира и ефективно спроведе проектни активности во врска со Организација на Регионална Мрежа за Сина Економија во Република Северна Македонија.  

Подетален опис на бараните услуги можете да најдете тука

Начин на доставување на понудите

Понудите треба да се испратат на е-мејл адресата: [email protected] со наслов на е-мејл пораката: За Повик 03/2025 – проект Growth4Blue. Краен рок на доставување на понудите е 07ми Мај 2025 година до 12 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ССКМ на  [email protected] или на [email protected]  најдоцна до 06.05.2025 година.