Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски на 6 ноември во Александар Палас свечено ќе ја отвори Првата Меѓународна Коучинг конференција и ќе го поддржи настанот со воведно обраќање за значењето на лидерството и коучингот во деловното работење.
Големиот одлив на кадар, финансиски кризи, политичка нестабилност и сите предизвици со кои се соочува бизнис заедницата влијаат на секојдневното работење и водат кон несигурност, нестабилност и голема неизвесност за иднината.
Ефикасното работење, насочување кон големата слика, чувството на припадност во заедницата не може да се постигне без инвестирање во луѓето, нивно вклучување во целиот процес на работење и поттикнување пред се на нивниот личен потенцијал.
На лидерите на 21 век им се потребни дополнителни коучинг вештини кои им овозможат структурирано и ефикасно управување со процеси и луѓе.
За повеќе информации на следниот линк: https://coachingconference.mk/