Повик за учество во програма за менторирање и поддршка од експерти во имплементирање на стандарди и стратегии за родово-инклузивни работни места

0
180
Почитувани,

Сојузот на стопански комори на Македонија објавува повик до сите компании членки, да се пријават за учество во програма за менторирање и поддршка од експерти во имплементирање на стандарди и стратегии за родово-инклузивни работни места.
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА:

Програмата е насочена кон подобрување на организациските практики на компаниите, со фокус на создавање родово-инклузивни работни средини, што ќе придонесе за порамноправна и продуктивна работна средина.
ШТО ОБЕЗБЕДУВА ПРОГРАМАТА:

* Менторска поддршка од експерти во областа на родовата инклузија
* Насоки за имплементирање на стандарди за родова рамноправност
* Стратегии за развој на политики за родово-инклузивни практики
* Практични примери и поддршка при адаптирање на нови процеси и стандарди во компаниите.
КОИ КОМПАНИИ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ?

Сите членки на Сојузот на Стопански Комори на Македонија кои сакаат да ги подобрат своите практики во областа на родовата инклузија.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Заинтересираните компании можат да се пријават преку испраќање на е-пошта на
[email protected] најдоцна до 31.09.2024.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

За повеќе информации и детали околу програмата, ве молиме контактирајте не
на [email protected].