ОТВОРЕН ПРВИОТ ЕВРОПСКИ ДИГИТАЛЕН ИНОВАЦИСКИ ХАБ ВО МАКЕДОНИЈА

0
98

Oтворен првиот ИНОФЕИТ ЕДИХ- Европски дигитален иновациски хаб во Македонија. Сојузот на стопански комори е партнер на конзорциумот составен од трите универзитети УКИМ, УГД, УКЛО, како и останати проектни партнери-приватни компании, со вкупен буџет од 2.000.000 евра, кој се реализира со поддршка од 50% учество на државата и 50% учество на Европската унија.

Овој хаб претставува значаен чекор кон модернизација на економијата, дигитализација на бизнисите и зголемување на конкурентноста на македонските компании на европско и глобално ниво.

Еден од клучните партнери на овој проект е Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија кој активно работи на создавање поволна деловна средина, олеснување на пристапот до финансии за компаниите и градење на мрежа што ќе овозможи побрз економски раст.

Овој хаб ќе биде центар за иновации, дигитализација и претприемништво, кој ќе им овозможи на малите и средни претпријатија, стартапите и истражувачките институции пристап до напредни технологии и знаење, кој ќе нуди:

Поддршка за дигитална трансформација на компаниите

Современа инфраструктура и пристап до најновите технологии

Обуки, менторски програми и правна поддршка за стартапи и бизниси

Поврзување со инвеститори и партнери од земјата и странство

Со отворањето на првиот Европски дигитален иновациски хаб се очекува:

Зголемена конкурентност на домашните компании на европскиот пазар

Забрзана дигитална трансформација на македонската економија

Привлекување на домашни и странски инвестиции во технолошкиот сектор

Поддршка за развој на нови, иновативни производи и услуги

Создавање можности за младите и поттикнување на претприемничкиот дух

Во наредниот период, компаниите, стартапите и индивидуалните претприемачи ќе имаат можност да се информираат за начините на аплицирање и искористување на ресурсите што ги нуди хабот. Ова е одлична шанса за сите кои сакаат да го дигитализираат својот бизнис, да иновираат и да бидат дел од европските трендови во претприемништвото.

+3

All reactions: