“Дигиталната трансформација кога зборуваме од аспект на бизнисот не е прашање дали сакаме да ја направиме или не, туку тоа е прашање на тоа дали компаниите ќе опстанат или не, тоа е прашање на преживување/опстанок на тие компании”, истакна Orce Simov Орце Симов, претседател на ИKТ Комората во Сојузот на Стопански Комори на Македонија, кој беше дел од втората панел дискусија на FINANCE TALKS BY EOS на тема Забрзана дигитална трансформација и револуција на ВИ.
Тој потенцираше за важноста и предностите на АI вештачка интелегенција и дигитализацијата кои треба да ги имплеметираме итно во нашата држава доколку сакаме развој. Посочи и за пречките со кои се соочуваме како држава како бруто домашниот производ кој кај нас во моментов е 8000 долари по глава на жител, како и за недостиг на квалификувана работна сила за да може да се направи дигитална трансформација.
На панел дискусијата се зборуваше и за нашиот македонски квалитетен кадар кој работи за светскиот пазар и дека со овој БДП кој го имаме во моментов нема да можеме да привлечеме таков кадар по овие услови.