Црвениот крст го одбележа јубилејот 80 години од основањето, по тој повод на Сојузот на стопански комори на Македонија се додели плакета за досегашната посветена соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија и обезбедената поддршка на хуманитарни иницијативи кои имаат големо значење за нашата заедница и поддршка за имплементација на заеднички иницијативи од општествен интерес.
Плакетата ја прими г-дин Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.
“Ова признание претставува уште една обврска да продолжиме со конкретни иницијативи за подобрување на социјалната заштита, за подобрување на животот на ранливите и маргинализирани групи во општеството. На сите вработени и активисти на Црвениот крст на Република Македонија, им посакувам многу успешни мисии во понатамошната работа на промовирање и унапредување на хуманоста и почитување на хуманите принципи”, истакна Ѓорѓиевски.
Нека е честит 80 – годишниот јубилеј на Црвен Крст!