Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на Регионалниот Бизнис Центар – Југоисточен плански регион, г-дин Ѓоко Камчев, за проектот “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence” од програма Erasmus -LS Erasmus Lump Sum Grants со вкупен буџет од 2.995.613 евра.
Целта на проектот “Паметна електрична енергија за згради“ е да се развијат центри за стручна извонредност, да се поддржи паметната специјализација на регионот и да се воспостават меѓународни центри за знаење за системи за извонредност со амбиција да бидат референтни точки за продолжување и доусовршување на професионалците ангажирани во секторот.
Сојузот на стопански комори интензиво продолжува да работи на активности и зајакнување на капацитетите за вмрежување и застапување за да се постигне поголемо препознавање, проширено влијание и користење на Европски програми за грантирање.
ССКМ заеднички работи да ги спои капиталот и ресурсите за поддршка на иновативни стартапи, меѓународна менторска мрежа, мрежа за бизнис развој, мрежа на инвеститори, регионални инвестиции и активности за унапредување на бизнис секторот.