Македонските компании треба да станат водечки во зелените иновации

0
103

 Компаниите треба да развиваат зелени иновации, да се фокусираат на создавање кадар, со кој ќе може да го спроведат процесот на зелена трансформација. Новите трендови наметнуваат следење на промените, а вештачката интелигенција, веќе зазема значаен фокус во процесите и кај зелените работни места, кои стануваат потреба за бизнисите. Тие се препознаени како неопходност во грижата и зачувувањето на животната средина, во обновување на ресурсите, намалување на отпадот, намалување на стакленичките емисии на гасови. Зелените работни места се остварливи во сите индустрии и дејности и влијаат на заштеда на енергија, суровини, промовирање на обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност. Ова е заклучокот на денешната тркалезна маса на Сојузот на стопански комори на Македонија, на тема „ Научени лекции од проектот Greenovet, употреба на вештачка интелигенција во создавањето на зелени вештини за иднината “. Настанот е дел од Проектот GREENOVET, меѓународен проект, во кој се вклучени 18 европски партнери

Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива, што побргу активно и максимално ангажирано влеземе во процесот, ќе можеме да постигнеме примарна позиција во однос на конкурентите од регионот, со подобри економкси перформанси обезбедени на овој начин, ќе постигнеме  долгорочен бенефит, одржлив развој и модернизација на процесите. Дигитализацијата и вештачката интелигенција, се нераздвоен дел од зелената трансформација која ќе обезбеди да бидеме сигурен дел од новата реалност во бизнис секторот и економијата, воопшто. Нашата земја поседува огромен потенцијал на ова поле, единствено, ни останува да креираме кадар, вештини и да ги скратиме бирократските процедури, се со цел да добиеме брзина во трансформацијата“, истакна Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Проф. д-р Орце Симов, потпретседател на ССКМ ипретседател на Комората за информатичко-комуникациска технологија при ССК, кој го модерираше настанот истакна дек вештачката интелигенција и зелената транзиција значително ќе го променат начинот на водење на бизнис во иднината и пазарот на труд. “Компаниите коишто нема да воведат вештачка интелигенција во своето работење многу тешко ќе опстанат, додека оние коишто ќе се потпрат на вештачката интелигенција  ќе бидат многу поиновативни, многу поекономични и поодржливи во иднина“, истакна проф. д-р Орце Симов.

Според Мила Велковска од Националниот центар за развој на иноваци и претприемачко учење, во рамките на проектот Гриновет, во кој се партнери,  се реализирани бројни активности, кои вклучувале наставници, професори, студенти, а обучени се над 300  професори.„За успешна зелена транзиција неопходно е да се вратиме чекор назад, да се инвестира во образовните процеси и да се поддржуваат активности и од формално и од неформално образование кои поттикнуваат зелени вештини“, потенцираше Велковска.

На настанот свое излагање имаше и  Весна Кузмановиќ, „Impala Research “ – “IMPALA” – употреба на Al во неуромаркетингот, презентирајќи ги најновите достигнувања во областа и корисноста од неа, а се обратија и претставници од банките, кои аргументираа за поддршката на банките, на проекти за зелена трансформација и иновации.

„Ќе биде неопходна преквалификација и доквалификација на работната сила, која потенцијално ќе биде заманета со вешташка интелигенција.Потребна е соработка помеѓу сите засегнати страни, државни институции , компании, стопанските комори и сите образовни институции со цел да може да се обезбеди соодветна преквалификација на таа работна сила.Зелената транзиција за нас не е нешто ново и не е тренд. Уште пред  повеќе од 20 години клучна определба на Банката е да го поддржи економскиот развој кој во исто време треба да биде еколошки, но и социјално одржлив, Еколошки одржлив,  подразбира во себе да ја има и зелената компонента, односно да овозможи раст кој нема дополнително, негативно да влијае на животната средина“, истакна Добринка Стефанова Ѓоргиева, директор на Одделот за управување со животната средина во Прокредит банка.

Инаку, GREENOVET ги обединува регионалните партнери во областа на стручното образование и обука на различни нивоа (средно стручно образование и високо образование), локалните компании ( малите, средни и големи претпријатија), секторските здруженија, претставниците на работодавачите, локалните власти, невладиниот сектор, како и регионалните агенции за поддршка на иновациите и иновативноста.Покрај регионалниот пристап, проектот се развива и на национално ниво со вклучување на националните министерства и општествени партнери како придружни партнери, обезбедувајќи координација и кохерентност низ различните нивоа на власт. Проектот  го поттикнува развојот на стручното образование и обука (СОО) во областа на зелените иновации низ Европа, преку основање на центри за извонредност во стручното образование и обука (ЦИСОО) со што  се овозможува иновативна, инклузивна и одржлива економија. Во проектот „Гриновет“ од нашата земја се вклучени Машинскиот факултет од Скопје, Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење, „Раде Кончар ТЕП“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ како и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска.