Претседателката на Комората за приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија д-р Тања Дејаноска и потпретседателката Марија Фидановска денеска реализираа средба со Беким Сали, министер за здравство во насока на унапредување на условите во кои работат аптеките и веледрогериите со цел обезбедување раст и развој на бизнисите како и поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните.

На денешниот состанок во конструктивна атмосфера се отворија повеќе теми околу секојдневните предизвици во работење на аптеките.

Претставниците на Комората презентираа анализи и предлог-решенија за надминување на состојбите кои ќе бидат подетално разгледани во понатамошните разговори.