КПЗ на престижен настан за дентална дигитализација „Exocad Insights 2022“

Претседателката на Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија д-р Тања Дејаноска во придружба на Татјана Велиновска Димовска, член на Управен одбор на Комората, присуствуваше на третото издание на најголемиот и најпрестижен настан за дентална дигитализација „Exocad Insights 2022“ кој се одржа во Палма де Мајорка, Шпанија.

На настанот на кој учество земаа повеќе од 700 стоматолози, забни техничари и трговски партнери од 45 држави се одржаа стручни презентации од врвни експерти, како и партнерски сесии со практична демонстрација за најновите достигнувања во дигитализацијата во денталната сфера. Реномирани претставници од стоматолошката индустрија одржаа презентации за тоа како да се користат дигитални алатки за да се постигнат подобри резултати при функционално естетски третман кај пациентите и да се унапреди продуктивноста и ефикасноста во работењето.

The theme of the third exocad Insights event on October 3–4, 2022, in Palma de Mallorca (Spain) was “Learn. Connect. Enjoy.” Around 700 participants from more than 45 countries took part in the digital dentistry event.

„Exocad Insights 2022“ е одлична манифестација чија организација ги надмина нашите очекувања. Со меѓународните говорници и гости од целиот свет ја истражувавме иднината на дигиталната стоматологија и ги споделивме најдобрите практики. Особено значајно за нашата посета, од што очекуваме да оствариме поголеми придобивки во наредниот период, е потпишувањето на Меморандум за соработка со најпрестижната академија International Digital Dental Academy (IDDA) од Лондон, со цел да ги приближиме современите трендови на дигитализација до стоматологијата во Македонија. Бевме дел од Б2Б средбите на кои за современите трендови разговаравме со светски признати и познати експерти“, истакна д-р Дејаноска.

Со Меморандумот за соработка е предвидено двете страни да соработуваат во процесот на масовна дигитализација на стоматологијата во нашата земја, да организираат обуки во живо и онлајн, да разменуваат знаења и искуства и заеднички да работат на подигање на свеста за придобивките од примената на дигитализацијата во стоматологијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here