По повод започнувањето на новиот проект ИНОФЕИТ ЕДИХ, во кој како партнер и е Сојузот на стопански комори на Македонија, во просториите на ФЕИТ се одржа инфо ден. На присутните претставници на компаниите, им се обратија Проф. д-р. Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ комора и Проф. д-р. Димитар Ташковски од ФЕИТ (Факултет за електротехника и информациски технологии), кои го презентираа проектот и придобивките од него.

Членовите на ССКМ можат да учествуваат во проектот со:
- – Посета на бесплатни курсеви
- – Членовите на ИКТ комората можат да понудат свои готови ИТ решенија и да ја понудат својата опрема и производи
- – Да ги уживаат сите бенефиции дозволени во проектот

ИНОФЕИТ ЕДИХ е водечка платформа за дигитална трансформација, иновации и технолошки развој во Северна Македонија. Како прв официјално признат Европски дигитален иновациски хаб во земјата, ИНОФЕИТ ЕДИХ обезбедува поддршка за микро, мали и средни претпријатија (МСП), како и за јавни институции, со цел подобрување на нивната конкурентност преку користење на напредни дигитални технологии.

ИНОФЕИТ ЕДИХ е дел од европската мрежа на дигитални иновациски хабови, ко-финансиран од Европската комисија (преку Програмата за дигитална Европа 2021-2027) и Владата на Република Северна Македонија. Во следните четири години, центарот ќе обезбеди над 300 бесплатни услуги во вредност од 2 милиони евра, насочени кон дигитализација, иновации и технолошки развој.

Мисијата на ИНОФЕИТ ЕДИХ е да ја забрза дигиталната трансформација на приватниот и јавниот сектор преку обезбедување експертска поддршка, инфраструктура за тестирање и експериментирање, напредни обуки и можности за вмрежување. Нашата цел е да создадеме одржлив екосистем што ќе им помогне на компаниите и институциите да станат поконкурентни, поефикасни и поиновативни
Подетални информации за проектот можете да погледнете на нивната веб страна: https://innofeit-edih.mk/