Новата година ја стартувавме со прелеани ризици од минатата година, со очекуван реформски застој, притисок за инфлација и секако два изборни циклуси. Трајан Ангелоски, како претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија, во своето гостување во емисијата “Агенда 35” на МРТВ, зборува за тоа со какви очекувања, стравови, но и со какви предизвици, компаниите влегуваат во новата година.
“Оваа тема и овој вид на прашања се доста деликатни, затоа што постојат многу непознаници и во минатиот временски период надворешни влијанија, а оваа година освен тоа што имаме неповолна домашна ситуација со изборите, каде што скоро половина од годината очекуваме дека во овие предизборни случувања, ќе се потроши без некои посебни економско-реформски процеси, што се очекува и од овој неповолен тренд од надворешни пазари, ЕУ, приметуваме какво е нивото на раст во ЕУ, некаде негативно, некаде благо позитивно, меѓутоа е генерално неповолно. Така да ние како една неразвиена економија, треба да се обидеме да видиме, што е можно повеќе да инвестираме во развој на нашата економија со реформски процеси и зголемување на растот, не треба да ги гледаме овие предизвици дека се клучни, но тие ќе имаат одредено негативно влијание, но ние треба да го дадеме најдоброто од нас и да ја подобриеме климата во нашата економија”, изјави Ангелоски.
Повеќе на линкот https://www.youtube.com/watch?v=4MO5b-HorXk