Интензивирање на динамиката на процесот за зголемување на капитацијата

Претседателката на Комората за приватно здравство д-р Тања Дејаноска и потпретседателката д-р Лилија Чолакова Дервишова реализираа средба со директорката на Фондот за здравствено осигурување м-р Магдалена Грашковска на која беа истакнати неколку приоритети:

  • Интензивирање на динамиката на процесот за

зголемување на капитацијата

  • Решавање на проблемите со неплатените дежурства во

здравствените домови и потребата за нивно реално

вреднување

  • Надминување на проблемот со исплатите на капитациите

на ПЗУи од Струга кои сѐ уште немаат добиено капитација

  • Дискусија за проблемите со новите образци за рецепти