,,Заштита на животната средина и енергетски ефикасни компании преку имплементација на стандарди”- работилница во рамки на проектот -Greenovet – European VET Excellence Platform for Green Innovation

0
74

Во просториите на Сојуз на стопански комори, ССКМ  заедно со АСУЦ ,,Боро Петрушевски” – Скопје, Машински факултет, Раде Кончар – ТЕП и Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење, во рамки на проектот Greenovet – European VET Excellence Platform for Green Innovation, се оддржа работилница на Тема  ,,Заштита на животната средина и енергетски ефикасни компании преку имплементација на стандарди”.

Поздравно обраќање имаше Драган Пехчевски, член на УО на ССКМ и проект менаџер на проектот Greenovet, кои ги запозна присутните со важноста на ССКМ како партнер во проектот и важноста на проектот Greenovet за Македонија и сите вклучени партнери, особено за учениците кои учествуваа во работилницата.

Благица Камчева – Менаџер на оддел Консалтинг и Менаџер на квалитет, животна средина, здравје и безбедност во Еуромак и  имплементација и проверка на различни системи за управување ISO 9001/ISO 14001/ISO 45001/ISO 37001/ISO 20000/ISO 27001/ISO 17025/ISO 17020/ISO 15189/ISO 20121/ISO17100, експерт  во својата област 13 години работно искуство во ЕУРОМАК КОНТРОЛ  на работилницата посочи:

“Свесни сме за ситуацијата во нашата држава и знаеме дека е загрозена од разни загадувачи. Загадувањето е едно од највисоките во Европа, голема количина на отпад не се рециклира, се влошува квалитет на водите, се сечат шумите, а климатските промени се повеќе влијаат врз нашиот живот. Со ваква еколошка криза, сите треба да превземат чекор започнувајќи од јавни институции, бизниси, граѓански организации, како и сите останати граѓани со цел да превземат обврска и одговорност за своите активности и да допринесат кон заштита на животната средина. Бидејќи во младите лежи иднината, навистина се надевам дека со вакви работилници и проекти ќе допринесеме кон подобра животна средина, ќе започнеме со поинтензивна работа и ќе ја покренеме свеста на едно повисоко ниво”.

Подобрување во постапките за управување со отпад од страна на компаниите, отпадот како ресурс кој може да се користи и рециклира, наместо да се фрли. Да се ре-употребуваа или рециклира отпад, значи: зголемување на ефикасноста на ресурсите, зачувување на животната средина од загадување и штетни гасови. На пример, рециклирање еден тон на алуминиум може да заштеди до 10 тони на CO2 на глобално ниво, нови и иновативни технологии за собирање, сортирање и третман ќе овозможи преобразба на квалитетот на животната средина, како и придобивки за здравјето на луѓето, посочија на работилницата сите присутни.