БИ МОЖЕЛЕ ДА БИДЕМЕ ЕКОНОМСКИ ТИГАР ВО РЕГИОНОТ, НО САМИ СИ ЈА УНИШТУВАМЕ ИДНИНАТА!

0
173

Интервју за бизнис магазинот “КАПИТАЛ” со Трајан Ангелоски, Претседател на Сојуз на Стопански Комори на Македонија – Повод 20 години од постоењето на ССК

Денес Македонија има демонополизиран систем на стопански комори без обезбедување на ексклузивитет на никоја комора пред другите. Денес Сојузот на Стопански Комори на Македонија претставува едно од најактивните бизнис регионални мрежи, претставена на сите нивоа и пред сите државни и регионални институции. Ова покажува дека нашата земја иако е мала може да биде адекватно преставена, и на
овој начин државата може да биде една многу битна трговска точка на Балканот.
Во Сојузот членуваат и се назначени на најодговорни позиции врвни професионалци, кои секој во својата област е експерт и поседува врвно познавање од тематиката за која е задолжен, а со тоа може да го даде
најдобриот општествен импакт кон унапредување на конкретната област на економија.
Човечкиот потенцијал со кој располага Сојузот на стопански комори на македонија е највредниот ресурс и тој ќе биде клучниот елемент кој ќе овозможи динамично придвижување на работите напред. Сигурен сум дека и во следните 20 години ќе добие повеќе на квалитет и Сојузот ќе ја покаже својата сила и моќ, ќе се справи со сите предизвици кој ќе се појават пред него.