Бизнис делегација од Македонија во посета на нашата амбасада во Кина

0
446

Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата во НР Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг, со вршителот на работи, амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји.

Амбасадорот Андоноски, истакна дека РС Македонија и НР Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години

Во рамките на средбата се дискутираа глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.

Амбасадорот Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изрази задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на Стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји.

Бизнис делегацијата на Сојуз на стопански комори на Македонија и компании членки – “Вита Нова”, “Венец”, “ Бовин” и “Камник” беше и во посетa и на повеќе градови во Н.Р.Кина како Пекинг, Шангај и Зибо со посета на фабрики од прехранбената индустријата и тоа: фабрика за преработка на соја, фабрика за преработка на пробиотски јогурти, за кондиторски производи, за сосови, како и во посета на фабрика за производство на додатоци во прехрана-food supplements, витамини и минерали и најголемата дестилерија за производство на националниот пијалок Бајџу (Baijiu).

,,Продолжуваме да вложуваме во компаниите – членки, каде главен акцент е тие да имаат можност на искористување на научниот потенцијал на универзитетите, истражувачките центри и индустриите, со цел решавање на клучните и приоритетни предизвици во бизнис секторот” – истакна Ангелоски претседател на ССK