Ангелоски: За градење на силна бизнис заедница од клучно значење е надминувањето на родовата нееднаквост и јакнење на економската позиција на жените 

0
196

За градење на модерно општество и силна бизнис заедница исклучително е важно да се надмине родовата нееднаквост и да се зацврсти економската позиција на жените, затоа од клучно значење е да се спроведуваат активности со кои истото ќе биде овозможено, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски, осврнувајќи се на иницијативата „Зајакнување на водечката улога на жените во приватниот сектор преку подобрување на меките вештини и финансиската писменост на жените и спроведување на дигитализација во процесот на вмрежување и едукација на жените претприемачи“, што се спроведува во рамки на проектот  „Активност за јакнење на деловниот екосистем“. 

Проектот, во рамки на кој се имплементира иницијативата со која им се овозможува на жените унапредување на нивното лидерство во светот на бизнисот, е финансиран од УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за стратешки развој. 

“Проектот кој го спроведуваме во соработка со Консалтинг за стратешки развој предвидува низа активности насочени кон зајакнување на лидерската улога на жените во приватниот сектор и промоција на родовата еднаквост. Една од клучните активности е развивањето на иновативна дигитална платформа за женско претприемништво. Оваа платформа ќе обезбеди ресурси, можности за вмрежување и поддршка за бизнисите предводени од жени, поттикнувајќи го нивниот раст и успех. Активностите за развивање на платформата, обуките на жените од МСП-та, како и развивањето и имплементирањето на стандардите и стратегиите за родова еднаквост на работното место, ќе бидат интегрирани во палетата на услуги на Сојузот на комората, со фокус на економско јакнење на жените”, истакна Ангелоски.

Повеќе на линкот:https://denar.mk/308493/ekonomija/intervju-so-trajan-angeloski-pretsedatel-na-sojuz-na-stopanski-komori