Ангелоски: “Да се фокусираме на иновации”

0
90

Како податок дека во последните 2 децени се иселиле околу 200.000 жители, а прогнозите на државната статистика се дека овој процес ќе продолжи и понатаму, a особено иселување на младите луѓе. Дали постои некој начин овој процес да стагнира или да оди во обратен правец и каде ги гледаме можностите, во која институција и во кој сектор се гледа можноста да се направи некоја промена и како бизнис секторот како дел од таа приказна може да направи промена, се разговараше со Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во неговoто гостување во емисијата Детектор на Тв Сител.

“Во иднина очекуваме промена во овој правец, да се забави иселувањето и што е многу битно, да се создадат можности, нови концепти на работа кои би донеле додадена вредност од оние земји каде што живееле. Потребно е да се фокусираме да имаме иновации, да бидеме едни од најдобрите во Европа, бидејќи заостанувањето е енормно и немаме во овој момент можност да работиме стандардно, туку мора многу поиновативно”, кажа Ангелоски.

Повеќе на линкот: Детектор открива – Зошто се иселуваат граѓаните? (youtube.com)