СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ
ЗА НАС

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор. Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисоти вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.

Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

Сојуз на стопански комори на Македонија Ви овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, Ви помага во пронаоѓањето на деловни партнери, Ве известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално.

ССК ги познава условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.

© 2022-2023 | Сојуз на стопански комори. Сите права се задржани. Изработено од SERAFIMOV GROUP.