Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со „Clean Max Macedonia“ во согласност со донесените протоколи за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), организира он-лине презентација за своите членови за имплементација на висок стандард за хигиена и безбедност со употреба на напредна технологија со цел безбедно и сигурно враќање на гостите во хотелите и другите сместувачки капацитети.

Членовите на Сојуз на стопански комори на Македонија кои се заинтересирани за учество на он-лине сесијата е потребно да го пријават своето учество на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 13 јули 2020 (понеделник) по што ќе добијат линк за вклучување на сесијата преку Zoom платформата. Учеството на презентацијата е без надомест.

АГЕНДА

  • Стандард за хигиена и санитизација на хотелска соба Violet star и Протокол за одржување на хигиена во Хотелиерскиот сектор вклучувајки и превенција и заштита од Covid 19 Volet Star

    • Запознавање со стандардот и неговите придобивки
    • Јавно здравствено значење од воведување на стандардизиран пристап во одржување на хигиена во хотелскиот сектор

  • Violet star, Клин Макс метод , УВЦ технологија

    • Violet star сертификат и неговите придобивки
    • Клин Макс Метод

  • Употреба на УВЦ технологија и сертифициран уред за дезинфекција на површини
  • Дискусија и прашања

ПРЕДАВАЧИ

  1. Александра Марковска – Со над 15 годишно искуство во менаџмент и консултантство. CEO / Консултант во Консултантска куќа Квалити Консалтинг. CEO / Консултант во Консултантска куќа Фуд Консалтинг. Автор на книгата “Три чекори за спроведување на стандарди”. Ко Автор на стандардот – Стандард за хигиена и санитизација на хотелски кревет.
  2. Проф. Д-р Драган Ѓорѓев – Доктор по медицина, Професор по хигиена на Медицински факултет Скопје и експерт по јавно здравје и хигиена на животната средина. Ко-Автор на стандардот – Стандард за хигиена и санитизација на хотелски кревет. Автор на “ Протокол за одржување на хигиена во хотелиерскиот сектор вклучувајки и  превенција и заштита од Covid 19.
  3. Дијана Бадаровска Мицова – Генерален менаџер на Clean Max Macedonia. Стекната експертиза и познавање на технологии како замена за стандардно одржување на хигиена. Истражувач на светските пазари и стратегии за справување на хотелите со Ковид 19.