Почитувани,
Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија.
Сојуз на стопански комори на Македонија Ви овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, Ви помага во пронаоѓањето на деловни партнери, Ве известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.
Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално. ССК ги познава условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.
На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор.
Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.
Доколку сакате да пристапите и станете член на Сојуз на стопански комори на Македонија контактирајте не на: 02/ 3091440 [email protected]
Придружете ни се и бидете и Вие дел од Водечката Деловна Мрежа на Македонија.