ССК партнер на Вториот светски конгрес на претприемачи

По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на  октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Делегацијата беше предводена од генералниот секретар на конгресот и претседател на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, Винко Ќуро, а на средбата се утврдуваа насоките и целите за организација на конгресот, кој е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

Сојузот со својата широка мрежа на соработници национално и интернационално активно се вклучува во подготовките за успешна реализација на конгресот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here