Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека фирмите кои вршат дејност производствои имаат производни погони,хали и слично , им се препорачува производниот процес да се орграниза на следниот начин:

  • Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м;
  • Вработените да не ги менуваат работните места;
  • Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини;
  • За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат оштите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекзија со употреба на дезинфекциони средствана база на алкохол);
  • Да се забрани групирање за време на пауза во групи поголеми од максимум 5 лица;
  • Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација);
  • Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории за што да се води уредна евиденција;
  • Во случај на позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 на вработено лице(со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и испраќа домаи се советува ВЕДНАШ да го контактира својот матичен лекар;
  • Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) им доставува комплетни податоци за позитивниот работник/ци на КОВИД-19 (име и презиме,адреса, тел.број) подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина ( до него ,пред и позади ) на работното место на позитивниот работник кој се предава на епидемиолошката служба од ЦЈЗ;
  • По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листата на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена;
  • По направеното темелно механичко чистење на погоните /просториитеи направената дезинфекција од страна на овластена установа за ДДД, сепродолжува со нормалниот производствен процес;
  • Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници;
  • Во случај на потреба од административна работа: потпишувањетона хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици),
  • Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема;
  • Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така да носат лични заштитна опрема;
  • Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил доколку е возможно или во сала со почитување на одалеченост еден од другод 1,5 до 2,0 метри.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440