Во рамки на Сојуз на стопански комори, како институција чија примарна улога е да ги застапува и да ги заштити интересите на компаниите членови, постои постојан избран суд – Арбитража. институција која е формирана во согласност со Закон за арбитража, со Законот за стопанските комори и Статутот на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Постојан избран суд – Арбитража, формиран од бизнис асоцијациите т.е стопанските комори како институција постои скоро во сите земји со развиена пазарна економија. Најзначајните трговски спорови на светот се решаваат токму пред постојаните избрани судовите – Арбитража.
Арбитражата при Сојуз на стопански комори на Македонија е надлежна за решавање спорови за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија.
Пазарната економија и современите трендови на бизнисот во Македонија ја наметнуваат потребата од побрзо и поефикасно решавање на споровите. Спорови кои произлегуваат од деловни односи помеѓу домашни и меѓународни институции, организации, компании, на сигурен, брз и ефикасен начин може да се решат пред Постојаниот избран суд – Арбитража.
Основните карактеристики на Судот
Постојан избран суд – Арбитража е:
• постојана арбитражна институција при Сојуз на стопански комори на Македонија
• независен во здружението во кое е основан
• независен во својата работа и одлучување
• одговорен за решавање на споровите во деловни и други имотно-правни работи
Предностите на арбитража за решавање на споровите:
• Искуство, професионалност и стручност на арбитрите
Арбитрите кои учествуваат во решавањето на споровите се компетентни и поседуваат специфична експертиза и знаење во областа на правото, се познати и признати експерти во својата област и за својата независност и непристрасност во постапката се должни да дадат писмена изјава дека ќе одлучуваат совесно, непристрасно, законски и праведно;
• Брзина и ефикасност во решавањето на споровите
Спорот се решавабрзо и ефикасно, со оглед на поголемата автономија на страните. Брзината е една од најголемите предности на арбитражата. Споровите се решаваат вообичаено во рок од 3-9 месеци.
• Побрзи и поедноставни процедури
Се избегнуваат сите непотребни формалности, со што се обезбедува побрзо и поефикасно спроведување на постапката и одлучувањето.Роковите што ги одредува Арбитражниот суд за доставување на поднесоците не би требало да се подолги од 30 дена.
• Заштита и доверливоста на сите информации добиени во текот на постапката
Арбитража нема обврска да обезбедат информации за јавноста за постапките.
Принципот на затвореност за јавност на постапката им овозможува на страните целосна дискреција и зачувување на угледот на деликатни деловни односи, како и полесно да се спогодбено решавање на споровите.Арбитражните рочишта се затворени за јавноста. Целата документација во врска со арбитражната постапка се смета за доверлива, а донесената пресуда може да се објави само во согласност со странките.
• Степени на одлучување
Во арбитражната постапка за предметот на спорот се одлучува во еден степен.
• Арбитражната е конечна, без можност за жалба
Арбитражната пресуда е замена за пресудата на редовниот суд, конечна е и ги обврзува странките во спорот. Арбитражната пресуда е правосилна и извршна.Странките се обврзуваат пресудата да ја извршат без одлагање, но доколку не се исполни доброволно, истата може да се изврши по пат на присилно извршување.
• Трошоци се значително помали
Трошоците на постапката пред арбитражата се многу пониски од оние кои страните во спорот ќе ги имаат доколку спорот се решава пред надлежнитесудови.