Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на РСМ во Софија, Ве информира дека од 28ми до 30ти април 2021 година, ќе се одржи Молдавија Трговски Форум 2021 година.

Овој годишен настан има за цел промоција на извозот и пазарот во Молдавија, а претставува и платформа за овозможување партнерства меѓу производители од Молдавија и странски трговски компании.

Целосната програма, како и информации за регистрација на саемот може да погледнете на следниот линк –  https://tradeforum.md/.

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.