seminar

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Естонија за Македонија, со седиште во Будимпешта, Ве информира дека на 21ви април 2021 година, со почеток во 13:30 часот ќе се одржи Семинар за претприемачи од земјите на Западен Балкан.

Семинарот ќе се одржи онлајн преку зоом платформата и на истиот покрај Амбасадата на Естонија ќе се обратат и експерти за e-Residency концептот во Естонија, размена на искуства од претприемачи кои основале бизнис по наведениот концепт, како и претставници кои ќе говорат за правните и даночни аспекти за водење на бизнис во Естонија. Присутните ќе имаат можност да поставуваат и директни прашања и учествуваат во дискусијата.

За сите дополнителни информации, како и за регистрација, Ве молиме посетете го следниот линк:

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.