Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Словачка во Скопје, Ве информира дека од 25ти до 26ти мај 2021 година, ќе се одржи Slovak Matchmaking Fair 2021 Online.

Овој настан е еден од најпосетуваните кој ги поврзува компаниите од Словачка со заинтересирани деловни партнери, а дополнително има можност за остварување на онлајн Б2Б средби.

Целосната програма, како и информации за регистрација на саемот може да погледнете на следниот линк –  https://matchmakingfair2021online.sario.sk/.

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.