Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира за можноста за учество на Конференција за развивање и унапредување на соработката меѓу малите и средни претпријатија од Кина и од земјите од Централна и Источна Европа.
Конференцијата ќе се одржи на 18 ноември 2020 година, а во рамките на настанот ќе се одржи и конференција за поврзување на претпријатијата како и меѓународен натпревар за иновации и претприемништво. Се очекува да присуствуваат околу 400 претпријатијата од секторите воздухопловство, индустриско производство и комерцијални услуги.
Настанот ќе се одржи преку ZOOM платформата, а дополнително ќе биде испратен линк за најава.
Сите заинтересирани за учество на настанот потребно е да пополнат формулар и да го испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. во најкраток временски рок. Во прилог ја праќаме и целосната програма за настанот.
За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.