agregati

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, Ве информира дека украинското државно претпријатие „Фабрика за агрегати во Красилов“ бара партнери за соработка за нивните производи кои се однесуваат на котли на цврсто гориво, котли на гас, конвектори на гас, лавици (шифри на производи според системот HCDCS 8403, 9403).

Детални информации може да погледнете на нивниот веб портал – www.kaz.km.ua.

Исто така, украинското претпријатие „Компанија за производство и трговија Лукас“ (www.lukas.ua) ги нуди своите производи и бара партнери во други странски земjи за следните производи: бонбони, колачиња, кроасани (шифри на производи според системот HCDCS: 1905906000, 1806901900, 1905319900).

Детални информации може да погледнете на нивниот веб портал – www.lukas.ua. Доколку сте заинтересирани за соработка, како и за сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон: 02 3091440 или на е-маил: info@chamber.mk.