Сојуз на стопански комори на Македонија континуирано делува во насока на застапување на компаниите членови преку артикулирање, процесирање и претставување на интересите и проблемите на фирмите членови пред надлежните институции.
Лобирање и успешно претставување на потребите на бизнис заедницата е една од основните стратешки определби на комората и тоа го остваруваме преку учествување во подготвка и давање на сугестии за предлог закони, предлог мерки за унапредување на деловната клима, воспоставена е редовна комуникација со Владата која со поставената динамика на комуникација го гарантира исполнувањето на нашата намера институционално да ги разрешиме секторските проблеми на нашите членови.
На своите членови брзо и навремено им доставуваме бизнис информации за заинтересирани компании за соработка, настани, саеми, бизнис посети, форуми, при што исто така обезбедуваме можност за вмрежување и нови деловни контакти преку размена на контакт информации, организирање на редовни средби, неформални средби кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите.