Информација за Јавни повици за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија

Во насока на континуирано проследување на бизнис информации, Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека Министерството за економија согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, објави Јавни повици за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија.
 
Во таа насока, Ви проследуваме краток преглед на објавените повици:
 

Јавен повик за директно субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии

  • Образложение: Предмет на јавниот повик  е субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци согласно условите за субвенционирање.
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 31.05.2019 година

Јавен повик за кофинансирање на проекти за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништво

  • Образложение : Предмет на јавниот повик  е  кофинансирање на проекти на фондации и здруженија на граѓани за развој и поддршка на МСП и промоција на претприемништво во вкупен износ од 4.500.000,00 денари.
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 14.03.2019 година.

Јавен повик за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот

  • Образложение: Доделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на Манифестации, Проекти и Бизнис форуми од интерес за развој на туризмот.
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 15.03.2019 година.

Јавен повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар

  • Образложение: Надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, за развој на производ и развој на пазар.
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 28.06.2019 година.

Јавен повик за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Македонија

  • Образложение: Надоместување на трошоци за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики во деловниот субјект.  
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 30.08.2019 година.

 

Дополнително, Ве информираме дека Агенцијата за поддршка на претприемништво го има објавено следниот повик:

Јавен повик за субвенционирање на советодавни услуги-“Ваучерски систем на советување“

  • Образложение: Субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија и потенцијалните претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРМ.
  • Јавен повик: Целосниот текст може да го погледнете на следниот ЛИНК.
  • Рок за аплицирање: 30.10.2019 година.

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..