Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека Владата на РСМ на 27 седницата одржана на 24.03.2020 година донесе меѓу другото и неколку уредби со законска сила кои се донесуваат на работењето на реалниот сектор, а се поврзани со вонредната состојба прогласена заради Ковид-19. Владата на РСМ објави и Јавен повик за набавка на заштитни маски и и Јавен повик за организирање транспорт за македонските државјани во странство.

Во прилог пренесуваме кракот преглед на истите:

Уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување

  • Сo оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија до 30.06.2020 година, освен за извршни дејствија за кои со оваа Уредба е поинаку уредено. Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Уредба со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски

  • Владата на РСМ ќе спроведе интервентна набавка на минимум 2000 заштитни маски дневно за потребите на РСМ од домашни производители. Во Уредбата се утврдени и условите кои треба економските оператори да ги исполнуваат, како и цените на маските.

Јавен повик за набавка на заштитни маски во целост може да го погледнете на следниот линк.

Уредба со законска сила за примената на Законот за туристичката дејност за време на вонредна состојба

  • Со оваа мерка на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година.

Јавен повик за организирање авионски превоз

  • Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на РCM, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

Јавниот повик во целост може да се погледне на следниот линк.

Соопштението на Владата за донесените уредби и одлуки може во целост да се погледне на следниот линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.