gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Сојузот на стопански комори и Занаетчиска комора здружено ќе настапуваат за подобри услови

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији потпишаа Договор за соработка чија цел е вложување заеднички напори за реализација на политиките неопходни за унапредување на Занаетчиската дејност и креирање на поволно деловно опкружување за целото стопанство.

Сојузот се залага за обезбедување услови за работа и егзистенција за сите деловни гранки во приватниот сектор, а меѓу нив и за оваа значајна група на претприемачи. Под притисок на брзиот развој на индустријата, технолошките промени, економската трансформација, дигитализацијата, се понеповолни се условите за работа за занаетчиската дејност. Со потпишување на овој договор, ја официјализираме соработката со Занаетчиската комора и заеднички ќе делуваме за застапување на нашите интереси", изјави Арсовска.

Таа истакна и дека во насока на развојот и зајакнувањето на секторот на мали и средни претпријатија, кој е доминантен во нашето стопанство чиј составен дел е и  занаетчиството, потребно е да постојат поефикасни владини политики за поддршка.

Претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији, истакна дека потпишувањето на овој договор за соработка со Сојузот на стопански комори е значаен чекор.

Во последните години, занаетчискиот сектор во нашата држава  расте и добива на важност.  Занаетчиството е важен дел од нашата економија и е движечка сила на пазарната економија на секоја држава. Во секој голем бизнис постојат делови каде што се присутни занаетчиството и занаетчиите. Поради тоа сметаме дека овој Договор за соработка помеѓу Занаетчиската комора на Република Северна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија е од огромно значење. Сигурни сме дека со заеднички напори и сили ќе оствариме многу успешни заеднички проекти кои ќе бидат од корист на занаетчиите и на целата деловна заедница", изјави  Фазлији.

Прочитано 107 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не