gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Средба Градежна комора – РЕК: Објектите да се загреваат со енергетски ефикасни уреди

Градежната комора на Македонија поддржува измени на законската регулатива кои ќе значат подобрување на квалитетот на градба и ќе придонесат за заштеда на енергија и примена на повисоки стандарди за заштитата на животната средина. Овој став претставниците на Градежната комора го соопштија на денешната средна со Регулаторната комисија за енергетика и водени ресурси (РЕК) на која се разговараше за измените на Законот за градење во делот на дополнување на издавањето на одобрението за градба со информација за начинот на греење на објектот.

Сериозните градежни компании во реализација на своите инвестиции ги следат најновите трендови и градат според современи стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Во таа насока поддржуваме измени на законската регулатива кои ќе допринесат за создавање на подобри услови за домување, од што ќе имаат придобивки граѓаните, но и заедницата пошироко. Со денешната средба се вклучуваме во дебатата која ја отвори Регулаторната комисија за енергетика, во кој преку поширок процес на размена на мислења ќе треба да се утврдат условите под кои ќе се регулира прашањето за загревањето на објектите во фазата на добивање на градежна дозвола со што ќе се добијат однапред мапирани региони“,  изјави Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора.

Тој истакна дека следејќи ги прописите регулирани со Законот за енергетска ефикасност, во објектите намалена е потрошувачката на енергија за шест пати, а сега се оди чекор понатаму, односно и уредите кои се инсталираат во домовите за загревање да бидат енергетски ефикасни односно да трошат помалку енергија.

Од Градежната комора сметаат дека при носење на одлука по ова прашање треба да има инклузивен процес во кој при избор на решението ќе се почитуваат интересите на граѓаните, ќе се овозможи претпријатијата кои се на директен или индиректен начин засегнати да продолжат да работат и ќе се спречи создавање на монополски позиции на пазарот.

РКЕ предлага во законските прописи од областа на градењето да се предвиди обврска објектите кои се градат да се приклучуваат на организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем. Ослободување од оваа обврска може да има доколку инвеститорот покаже дека има друг енергетски поефикасен систем за греење.

Прочитано 68 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не