gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Градежните компании ќе инвестираат 1 милијарда евра ако им се овозможи непречено да работат

Градежниот сектор како еден од секторите двигатели на македонската економија може да допринесе за излез од кризата и со тоа и за забрзување на економскиот развој во периодот на опоравување доколку му се овозможат услови за работа. Оваа порака денеска му ја пренесе претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Ивица Јакимовски на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кого оствари прва официјална средба. 

Јакимовски потенцираше дека итно, без одложување треба да се преземат две важни активности. Прво да прекине мораториумот за градба во општините бидејќи ја оневозможува работата на градежните компании и тие трпат големи штети и да се забрза со донесувањето на деталните урбанистички планови во општините каде оваа постапка веќе е започната. Второ е да се надмине проблемот на кој се укажува подолго време, а тоа е не запазување на законските рокови за издавање на соодветна документација и дозволи од страна на општините со што се кочат градежните проекти.

Градежни компании кои се членки на Градежната комора изразуваат подготвеност да инвестираат 1 милијарда евра во наредните три години. Тоа е потребно во време на криза. Ние како компании преземаме обврска да инвестираме во проекти кои веќе постојат и бараме од централната и локалната власт да преземат конкретни мерки и чекори за да се создадат услови за почнување на реализацијата на проектите. Нашето конкретно барање е да ни се дозволи да инвестираме и на тој начин да се помогне на населението и стопанството во време на криза“, изјави Јакимовски.

Секторот градежништво подолго време ги чувствува негативните ефекти од кризата во тековното работење. Работи со намалени кадровски капацитети и намалена продуктивност, отежната наплата на побарувањата и сервисирање на обврските. Доколку се земе во предвид дека  градежништвото повлекува ангажман на уште околу 26 други стопански гранки, позитивните ефекти на градежништвото за домашната економија се значително поголеми. Градежништвото има значајна улога за стимулирање на економскиот раст, отворањето на нови работни места, како и подобрување на социо-економските услови во државата. Градежништвото треба да биде еден од моторите на економскиот раст и по завршувањето на оваа криза, бидејќи од евентуален колапс на секторот процесот на закрепнување би бил многу тежок, не само на краток, туку и на долг рок.

Прочитано 80 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не