gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Комората на сметководители ги опреми со хигиенски тотеми училиштата во Ѓорче Петров

Комората на сметководители на Македонија го опреми со 15 апарати, хигиенски тотеми со сензор, основните училишта во Општина Ѓорче Петров.

Апаратите се целосно безбедни и едноставни за употреба, а делуваат во насока на подигнување на степенот на хигиена кај децата во училиштата со цел превенција на ширење на вируси и други заразни болести. Апаратот е составен од самостоен бесконтактен сталак за дезинфекција со сензорски диспанзер, кој на брз, лесен и безбеден начин го дистрибуира средството за дезинфекција.

„Апаратите од една страна ќе пружат побрза и побезбедна дезинфекција во училиштата што е особено важно за одржување на повисоко ново на лична и колективна хигиена, а од друга страна ќе им ја олесни и работата на вработените во училиштата кои сега најчесто рачно ги дистрибуираат средствата за дезинфекција. Во услови на здравствено-економска криза од голема важност е да се истакнува солидарноста и грижата како најважни општествени вредности“, изјави Сашо Раденковиќ претставник на бордот на комората.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, истакна голема благодарност до Комората на сметководители, кои даваат поддршка на она што е најважно во општеството, образовниот систем и младите.

„Континуираната соработка со деловната заедница и одѕивот на општествено одговорните субјекти да им помогнат на општините во борбата со Ковид-19 преку вакви донации повторно вроди со плод. Среќен сум што на ваков начин дополнително ги штитиме  нашите најмлади жители. И благодарам на Комората на сметководители што допринесе училиштата и градинките во Ѓорче Петров да добијат вакви апарати, а преку нив и соодветни и здрави услови за престој во затворени простории. Апелирам на максимално почитување на протоколите со цел заеднички да придонесеме кон намалување на последиците од пандемијата“, изјави Наумовски.

Комората на сметководители демонстрирајќи високо ниво на општествена свест  во изминатиот период вложија максимални напори да придонесат кон подобрување на состојбите онаму што е најпотребно. Во таа насока беше дониран тунелот за дезинфекција и дигитален пулт за бесконтактно мерење на температура и за дезинфекција за Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле, се организираа кампањи и акции за обезбедување опрема и помош за најранливите категории.

Прочитано 96 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не