gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Со нови протоколи се отвораат игротеките безбедни за децата

Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија го поздрави носењето на протоколите за отворање и работа на игротеките кое значи и нивно повторно отпочнување со работа. Воедно ја информира јавноста дека со целосно почитување на протоколите, игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата.

Протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести содржат над триесет мерки и активности со чие почитување и имплементирање во пракса ќе се спречи ширење за заразни заболувања. Вработените во игротеките, родителите и децата ќе ги почитуваат протоколите, просторите и предметите редовно ќе се дезинфицираат и проветруваат.

„Групацијата на игротеки при ССК ги известува родителите и дечињата дека согласно протоколите подготвени  од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а прифатени од Владата, по седум месечна пауза се овозможува игротеките да ги отворат своите врати за прослава на детските родендени. Конечно родендените ќе може да се слават во безбеден, сигурен и дезинфициран простор. Многу подобро за сите нас е дејноста да продолжи и да се одвива во чиста средина, во контролирани услови со почитување на протоколите и преземање на ригорозни мерките за заштита на личното како и на колективното здравје. Затоа повелете резервирајте термин во вашата омилена игротека, да продолжи детската радост за нивниот најважен ден“, вели Трајко Николовски, претседател на Групацијата за забавни, рекреативни и едукативни дејности.

Игротеките и едукативните центри беа затворени со владина уредба пред седум месеци и се меѓу последните дејности за кои се дефинираат правилата за отворање и работа. Во изминатиот период прославите на детски родендени се организираа, во небезбедни неконтролирани услови без работа на игротеките, што со носењето на протоколите се очекува да се надмине.

Прочитано 123 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не