gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и игротеки при Сојуз на стопански комори на Македонија на денешната прес конференција.

Трајко Николовски, претседател на Групацијата, истакна дека бројот на неработни денови е трицифрен и веќе влегуваат во петтиот месец на кризата која почна во март, не со процентуално намален промет, туку со промет нула, бидејќи се уште воопшто не ја остваруваат дејноста .

„Како мали бизниси за да отпочнеме со дејност, многумина од нас, освен сопствени имаат вложено и позајмени средства како од роднини и пријатели, така и од комерцијалните банки, при тоа заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта. Состојбата во која се наоѓаме е алармантна, резерви на средства немаме. 

Сакаме да истакнеме дека иако игротеките од 11 март престанаа со вршење на својата дејност, прославувањето на детските родендени не престана. Родендените продолжуваат да се организираат во домашни услови, без соодветни протоколи.

Изминативе денови до Комисијата за заразни болести ги предадовме и предлог протоколите кои самите ги изработивме, следејќи и прифаќајки ги позитивните примери на земјите од соседството, кои сме подготвени да ги почитуваме во целина.  Сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени“, изјави Николовски и додаде дека како економски оператори родендените кои ги организираат се исклучиво од затворен тип, т.е. со ограничен број на гости кои добро му се познати на организаторот на роденденот, како и нивната здравствена состојба, бидејќи станува збор за гости од исто семејство, блиски роднини и пријатели.

Компаниите од секторот најпрво бараат финансиска поддршка во висина на половина од просечниот месечен бруто приход земен од времето кога работеа, секој месец без прекин на неодредено време до нивно повторно отворање, како би можеле да ги сервисираат закупнините, режиските трошоци, платите и придонесите во периодот кој им претстои затоа што моментално не работат, имаат промет нула и се уште се затворени.

„ Понатаму, Комисијата за заразни болести да даде препорака да ги отвориме објектите по примерот на земјите од соседството, кои што повеќе од еден месец беспрекорно работат, затоа што животот продолжува со почитување на протоколите за заштита на здравјето.  И трето во време кога секој од нас е важен, кога се бориме за секое работно место, кога сите сакаме нови инвестиции, нови вработувања, јавно прашуваме, што ќе се случи со нашите инвестиции во кои работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку семејства. Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле“, изјави Николовски.

Компаниите кои се занимаваат со овие дејности, од сите градови во земјата, се здружени и единствени, но само со заедничка работа на сите чинители може да се надминат предизвиците и економски да опстојат.

Прочитано 222 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не