gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Бесплатни онлајн обуки на ЕБОР за мали бизниси

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Ве информираат дека ЕБОР создаде онлајн платформа за учење за управување во криза, дизајнирана конкретно за микро, мали и средни компании на кои сега најмногу им треба практична помош за справување со последиците од корона вирусот.
Бесплатната програмата е достапна во 30 земји каде што ЕБОР има канцеларии и се наоѓа на платформа на банката - The Know How Academy  и е централно место каде што претприемачите ќе имаат пристап до обуки и ќе можат да добијат советување за кризен менаџмент од индустриски експерти, а можат да се вклучат и во форуми за дискусија со нивните колеги.

Создадена од ЕБОР како дел од нејзината силна поддршка за компаниите во сегашната криза, програмата ќе се фокусира на 5 клучни столбови во бизнисот:

  1. Кризен менаџмент: Вашите клиенти и добавувачи,
  2. Кризен менаџмент: Основи на финансиски менаџмент,
  3. Кризен менаџмент: Финансирање на вашата компанија,
  4. Кризен менаџмент: Вашите вработени - вашиот клучен капитал,
  5. Кризен менаџмент: Предизвици на управувањето и лидерство.

Првите два модули Кризен менаџмент: ,,Вашите клиенти и добавувачи“ и ,,Основи на финансиски менаџмент“ се веќе достапни на следниот ЛИНК. Овие модули обезбедуваат совети за тоа како да го одржите во движење кругот на снабдување и наплата и имаат корисни информации за основите на финансискиот менаџмент во време на криза. Останатите три модули ќе бидат достапни наскоро. Програмата е на англиски, арапски, руски, турски и украински јазик. За повеќе информации за обуките обратете се на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 070/379508, контакт лице: Соња Ингилизова.

За дополнителни информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 77 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не