Испечатете ја страната

Информација за нови измени и дополнувања на Уредби со законска сила

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Ве информираме дека стапува на сила Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за личен доход како и Уредба со законска сила за измени на Уредбата со законска сила за примена на Данокот на добивка.  Уредба со законска сила за измени на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги.

Подолу даваме краток преглед на истите:

Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба.

  • Се продолжува мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година.
  • Нов прилог Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход е составен дел на уредбата.

 Уредбата со законска сила во целина може да се погледне на следниот линк.
 
Уредбата со законска сила за измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба.

  • Се продолжува мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година.
  • Нов прилог Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка е составен дел на уредбата.

 Уредбата со законска сила во целина може да се погледне на следниот линк.
 
Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. 

  • Правните и физички лица во објектите за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и слично, со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата корисници на финансиската поддршка од оваа уредба со законска сила, или да ги означат со видна ознака/етикета/налепница „КУПУВАМ ДОМАШНО” заради нивно лесно препознавање.
  • За прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст „промет од македонски производи“, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.
  • Правните и физички лица вршители на стопанска дејност што вршат оn-line продажба преку интернет страници посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака/стикер „КУПУВАМ ДОМАШНО”, како и да постават известување на видно место на насловната страна на интернет страницата, како и на страната за плаќање, со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО”. 
  • Проширена е листата на Дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка, и истите се дадени во нов прилог кој е составен дел на оваа Уредба со законска сила. Листата на дејности можете да ги погледнете на следниот линк.

Уредбата во целина може да се погледне на следниот линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 340 пати