gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Владеењето на правото треба да е над политиката

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по најавата дека изборите се договорени на 15 јули, порача дека економијата и функционирањето на институциите во континуираните изборни циклуси се во сенка на политичките кампањи.

„Изборите секогаш негативно се одразуваат врз економијата, приватниот сектор е во застој поради стагнација на инвестицискиот циклус. 

Честите изборни циклуси во Македонија се веќе пракса, проследени со неизвесност, силна политичка поларизација и интереси далеку од консензусот за клучните прашања важни за економски напредок. На приватниот сектор и граѓаните им е потребна стабилност, предвидливост и владеење на правото кои треба да се над политиката. 

Ветувањата во предизборен период најчесто се за проекти кои со оглед на кризата нема да ги подобрат состојбите на претприемачите, малите и средни претпријатија кои се столбот на националната економија. Сега им е потребна итна и безрезервна поддршка со квалитетни економски мерки за спас, за да опстанат“, изјави Арсовска.  

Таа додаде дека приоритет треба да биде стимул и поддршка на економската активност на приватниот сектор, со оглед на тоа што земјата веќе е во рецесија и негативните последици ќе се прелеа и во 2021 година. 

Македонските мали и средни претпријатија кои претставуваат повеќе од 99 отсто од регистрираните активни претпријатија, имаат клучна улога во функционирањето на националната економија. Тие со 65 отсто учество во бруто домашниот производ доминираат пред другите субјекти, обезбедуваат повеќе од 80 отсто од работните места во приватниот сектор и се столбот на македонската економија.

Сојузот на стопански комори на Македонија кој застапува над 24.000 претпријатија преку 35 комори и организации, уште на самиот почеток на  здравственaта криза предизвикана од Ковид 19, ги истакна приоритетите кои треба да бидат во фокус за надминување на последиците од пандемијата и тоа зачувување на здравјето на граѓаните, задржување на работните места и креирање на економски мерки за поддршка на реалната економија за да не се дозволи ниту една компанија да затвори.

Прочитано 142 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не