gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Јавен повик за микро, мали и средни претпријатија за отворање на нови работни места

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување Ве информира за објавува јавен повик во кој се повикуваат работодавачите од микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места,  да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување.

На повикот може да се пријават правните субјекти кои ги исполнуваат следните услови и критериуми:

  • Вкупниот број на работници на неопределено време на денот на аплицирање и пред реализација на поддршката, не треба да биде понизок од просечниот број вработени лица на неопределено време во претходната календарска година, освен ако причините за намалување на бројот на вработени лица на неопределено време се поради прекин на работниот однос (поради отказ од работникот), остварување на право на пензија, смрт или неспособност за работа.
  • На денот на аплицирање ги има подмирено сите обврски по основ на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Да нема финансиска загуба во претходната година освен ако загубата е направена поради капитални инвестиции од страна на правниот субјект[2];
  • Работодавачот да има најмалку едно вработено лице на неопределено време, со исклучок на граѓанските организации што во моментот на аплицирање можат да немаат вработено лице;
  • Бројот на ново вработени лица не може да биде поголем од 50% од просечниот број на вработени лица на неопределено време во претходната календарска година, при што максималниот број неможе да биде поголем од 5 лица кај еден работодавач. Работодавач кој има едно вработено лице, граѓанските организации и кај правните субјекти регистрирани по 01.07.2019 година што немаат ниту едно вработено лице, максималниот број на поддржани вработувања изнесува едно лице;

Агенцијата за вработување по службена должност ќе ги обезбеди горенаведените податоци за правните субјекти кои ќе аплицираат на јавниот повик.

Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, со обврска работодавачот да го задржи истото лице во работен однос со полно работно време најмалку 9 месеци , за вработување на лице до 29 години возраст висината на грантот (за едно лице) изнесува 153.750 денари, со обврска работодавачот да го задржи истото лице во работен однос со полно работно време најмалку 12 месеци,  додека пак за лица корисници на гарантирана минимална помош и за невработени лица од ромска етничка заедница, висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари.

Работодавачот е должен целиот период на предвидената обврска да не го намали вкупниот број на вработени на неопределено време (кој го имал на денот на аплицирањето)  освен во случај на смрт, пензија или неспособност за работа, во спротивно е должен во рок од 30 дена да вработи друго лице со цел надополнување на бројот, или да го врати износот на средствата сразмерен со нереализираната обврска за намалениот број вработени.

За оваа мерка, заинтересираните работодавачи  можат да аплицираат во текот на годината се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Јавниот повик во целост може да се погледне на интернет страницата на Агенцијата за вработување (https://av.gov.mk/) во делот Огласи за активни мерки.

Прочитано 404 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не