gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Нова Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавци за исплата на плата за април и мај

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија, Вe известуваме Владата донесе нова Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавци погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19 заради исплата на плата за месеците април и мај во висина од 14.500 денари (Службен весник бр.111/20). Со стапувањето на сила на новата Уредба, престанува да важи старата Уредбата за финансиска поддршка на работодавци (Службен весник бр. 93/20 и 97/20).  

Во продолжение пренесуваме краток преглед на истата:

Со новата Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавци за исплата на плата за месеците април и мај во висина од 14.500 денари се менуваат условите во три сегменти:

  • До јули, односно два месеци по истек на мерката, малите и микро претпријатија треба да го задржат истиот број на вработени до минус 15%, средните до минус 10% и големите до минус 5% од вработените.
  • Работодавците од секторите угостителството, туризмот и транспортот покрај мерката финансиска поддршка за исплата на плата „14.500 денари по вработен“ може комбинирано да ја користат и мерката „50% субвенција на придонеси“, доколку фирмите немале загуба за 2018 и 2019 година, не се на листата на должници на УЈП од март 2020 година и заклучно февруари не доцнеле со плаќање на обврски по основ на кредити подолго од 90 дена од денот на достасување.
  • Средствата кои фирмите ги земале преку мерката може да им се трансформираат во грант, односно неповратни средства за фирмите кои последниве две години имаат добивка, кои не се на листата на должници на УЈП и кои до март месец годинава не доцнеле со плаќање на обврските по основ на кредит подолго од 90 дена од достасаноста, ако инвестираат еднаков или поголем износ на добиената поддршка во тренинзи на вработени, надградба на процеси, продуктивен капитал.

Работодавците од 1-ви мај може да поднесат Барање за финансиска поддршка - образец БФП-ИП до Управата за јавни приходи преку системот Е-даноци, најдоцна до 7-ми мај за исплата на платите за април, односно до 7-ми јуни за исплатата на платите за мај.

Барањето, Управата за јавни приходи ќе го потврди во рок од 3 дена од денот на неговиот прием, а откако работодавачот ќе добие потврда од Управата дека барањето е комплетно, во образецот МПИН во полето 3.4б внесува шифра 5000, за оние вработени за кои бара финансиска поддршка.

Ако работодавачот истовремено користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси и/или данок на доход за што во полето 3.23 од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување, и истата ја комбинира (користи истовремено) со шифрата кој ја внел во полето 3.4б односно шифрата 5000.

Уредбата во целост може да ја погледнете на овој линк.

Уредба со Законска сила за примена на Законот за угостителска дејност

  • Се продолжување на важноста на лиценцата за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор за период од шест месеци.

Оваа Уредба со законска сила може да ја погледнете на овој линк.

Повеќе информации за уредба и одлуките на Владата од 47 седница може да најдете на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 435 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не