gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација на Министерството за труд и социјална политика на Законот за работни односи

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството , Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ објавува информација на Министерството за труд и социјална политика за примената на член 112 од Законот за работни односи за исплата на надоместок на плата.

Во продолжение даваме краток преглед на истото:

Законот за работните односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата

  • Во ставот 10 од член 112 е предвидено, во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70 проценти од платата и тоа најмногу до три месеци во тековната година.
  • Во случај на потреба од користење принуден одмор, работодавачот е должен на работникот да му се издаде соодветно решение, обврска која е предвидена согласно член 112 став 10 од Законот за работните односи, како и да му плати надоместок на плата од 70 проценти од платата за период до три месеци во тековната година.
  • Во Законот за работните односи, член 112, став 7 е превидено ако работникот нема можности да ја врши работата поради виша сила, а за да не настане престанок на работниот однос, работодавачот може да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.

Заклучок од МТСП:

Имајќи ги предвид неколкуте одлуки на Владата на Република Северна Македонија, со кои целосно се забрани работата на правните субјекти во одредени дејности, а заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД - 19, потребно е истата ситуација да се смета како виша сила. Во тој случај, за да не престане работниот однос на работниците, работодавачот може да ја користи одредбата од членот 112 став 7 и на работниците за периодот додека не постојат можности за работа (поради одлуките на Владата) да им исплати надоместок во висина од 50 проценти од платата.

Целосната информација може да ја погледнете на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 401 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не