gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за распишан Јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје распишува Јавен повик за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд, како дел од мерките донесени од Владата за надминување на состојбите кои ги предизвика ширењето на вирусот Ковид-19.

Во продолжение пренесуваме краток преглед на повикот

Предмет на јавниот повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.

Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

Рокови на отплата: до 2 (две) години со вклучен грејс период од 6 (шест) месеци.

Каматна стапка: фикснa на износ од 0% на годишно ниво

Апликациите по јавниот повик се доставуваат во рок од 30 дена сметано од 26.03.2020 година.

Повеќе информации за условите, критериумите, начинот на добивање на кредитите и потребните документи може да добиете на овој линк.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологија за управување со кредитниот ризик која ја донесе Советот на Народната банка на РСМ е објавена во Службен веник бр.76 од 24.03.2020 со што стапува на сила. Со донесените измени им се дава дополнителен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови за постојните кредити на кредитокорисници – физички и правни лица, коишто пред 29 февруари 2020 година немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални, а во претстојниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во намирувањето на своите обврски. Измените се однесуваат на поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во прилог на клиентите, во зависност од потребата и финансиската способност на секој кредиторокорисник. Поповолните услови може да бидат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс-период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата.

http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-2032020.nspx

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 796 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не