gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Известување и Дозвола за движење на вработен поради вршење сменска и ноќна работа

Во насока на Ваше навремено информирање и запознавање со последните мерки донесени од страна на Владата кои се од големо значење за работата на компаниите, од страна на Сојуз на стопански комори на Македонија во континуитет Ви ги доставуваме најновите информации кои ги добиваме од страна на институциите.

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Податоците потребно е да ги достават секој ден - најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

За вработените во здравствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и меил. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.  

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:
- тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
- фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .  
  
За погребалните правни лица се потребни следните информации:  
- име и презиме, матичен број, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).
За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работната седмица.  

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За вработените во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум, како и за вработените во приватни фирми кои работат во смени (периодот меѓу 21:00 часот и 6:00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.  

Во прилог образец/потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде за вработените кои е неопходно да работата во смени, односно после 21:00 часот. Образецот, вработениот има обврска да го покаже при идентификација, на службеното лице од Министерството за внатрешни работи.

Овие обрасци служат како дозвола за движење единствено од домот до работното место и назад.

 

  1. Известување за работа во време на полициски час
  2. Образец – Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа
  3. Образец табела

 

За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на тел: 02/3091-440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
 
Со почит,
Сојуз на стопански комори на Македонија­

Прочитано 1189 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не