gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Мерки за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во РCM

Владата на 20 седница усвои мерка со која го задолжува Министерството за здравство за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во РCM да издаде посебна дозвола или посебен здравствен протокол со кој ќе се обезбеди посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата на овие лица. Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.

 

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

 

- Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

- Се забранува контакт со други лица

- Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

- ракавици за еднократна употреба,

- заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер

- нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни наочари и каљачи

 

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

- Да спијат во кабините на своите моторни возила.

 

При враќање во РСМ да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.

За време на патувањето

- После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

- Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

- Почесто проветрување на кабината за време на возењето

- При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема

- Забрането е примање на слепи патници

- Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

 

Владата го  задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Соопштението во целост е достапно на следниот линк. https://vlada.mk/node/20544

Прочитано 162 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не